Барса има 20 милиони причини да го продаде Кутињо

Барселона интензивно бара купец за Филипе Кутињо, во обид да се избегне дополнителната исплата на клаузулата на Ливерпул во висина од огромни 20 милиони евра. Каталонскиот гигант го плати Бразилецот 120 милиони евра, внесувајќи дополнителна клаузула од 20 милиони евра што би биле платени кога Кутињо ќе одигра 100 средби за Барса, севкупно во официјалните натпреварувања.

Во моментот на преговорите се претпоставуваше дека оваа бројка е лесно достижна, но Кутињо се покажа како големо трансфер-промашување на каталонскиот гигант. Тој досега има настапено на 76 средби во дресот на Барселона, а јасно е дека каталонците ќе сторат се што можат за да спречат Бразилецот да стигне до „стотката“ и да ја активира клаузулата за нова исплата кон Ливерпул.

Во таборот на Барселона се свесни дека немаат шанса да си ја вратат инвестицијата, па сега бараат „само“ 80 милиони евра за Кутињо, сума што ниту еден од заинтересираните клубови не е согласен да ја плати. Лондонските премиерлигаши Челси и Тотенхем се најзагреани за овој фудбалер, а доколку не се договори откуп на договорот можна е и нова позајмица, како онаа во Баерн Минхен при која Кутињо не се снајде најдобро на „Алијанц Арена“.

Се вчитува...