Барса има план ако си замине Балде

Иднината на Алехандро Балде во Барселона е сериозно доведена во прашање откако левиот бек воопшто не настапи на натпреварот со Елче, а тренерот Флик истакна дека тоа била негова одлука бидејќи дефанзивецот не бил доволно фокусиран за да се најде во тимот.

Манчестер јунајтед покажува сериозен интерес, а последните информации говорат дека и самиот Балде сака да си замине од „Камп Ноу“. Проблемот е што Јунајтед нуди само едногодишна позајмица, додека Барса инсистира на перманентен трансфер од над 40 милиони евра, пари што потоа би биле насочени кон ангажман на нов лев бек.

Каталонските медиуми тврдат дека Флик веќе го избрал и наследникот на Балде, станува збор за Лукеба од Лајпциг кој подеднакво добро се снаоѓа и како лев бек и како централен дефанзивец. Токму универзалноста го прави 23-годишниот Французин идеален кандидат за Барса, но директорот Деко не сака да носи уште еден одбранбен играч додека Балде не си замине.

Останува да ја почекаме разврската до крајот на овој преоден рок, во која значајна улога ќе има и одлуката на Манчестер јунајтед во преговорите за левиот бек на каталонскиот гигант.

Се вчитува...