Барса има сериозен проблем со Де Јонг

Барселона се искачи на чело на табелата во Примера, но Чави во меѓувреме се соочи со сериозен проблем по повредата што Френки де Јонг ја заработи на дуелот со Селта.

Каталонците објавија дека тој нема да настапи на утрешниот натпревар со Мајорка, но во меѓувреме пристигаат загрижувачки информации – дека холандскиот репрезентативец денеска бил забележан со штаки и „ортопедска чизма“, предзнак дека станува збор за сериозна повреда. Барселона се уште се нема огласено за што точно станува збор, но очигледно Чави во блиска иднина ќе го нема својот клучен играч за врска на располагање во тимот.

За мечот со Мајорка во екипата нема да биде ниту Педри, па се очекува средниот ред да биде составен од Ромеу, Гундоган и Гави.

Френки де Јонг поради различни повреди пропуштил 16 средби на Барселона во Ла Лига, од кои каталонскиот гигант успеал да слави само на шест.

Се вчитува...