Барса избра: Јасикевичиус е наследникот на Пешиќ

Шарунас Јасикевичиус е нов тренер на Барселона откако каталонскиот гигант експресно ја заврши потрагата по наследник на Светислав Пешиќ. Српскиот стратег вчера доби отказ по неуспехот на завршниот турнир во Валенсија, по што претседателот Бартомеу експресно ги договори условите за соработка со Јасикевичиус.

Литванецот потпиша договор до 2023 година, ставајќи крај на својата успешна авантура во Жалгирис, тим со кој освои пет титули во татковината (од 2016 и 2020 година). Јасикевичиус веднаш по пензионирањето доби шанса како помошен тренер во Жалгирис, а по заминувњето на Крапикас беше именуван за шеф на стручниот штаб на литванскиот гигант. Минатото лето тој одби неколку интересни понуди, неодамна беше поврзуван и со Фенербахче, но кога пристигна понудата од Барселона, Јасикевичиус експресно ја прифати.

За Литванецот ова ќе претставува враќање во клубот за кој во два наврати настапуваше како играч. Тој дојде во Барселона во 2000 година и остана до 2003 година, стигнувајќи до титула во Евролигата. Во 2012 година Јасикевичиус се врати назад во таборот на каталонскиот гигант и остана една сезона, освојувајќи трофеј во Копа дел реј.

Се вчитува...