Барса ја доби Валенсија, за да залечи рани од ЛШ, и за нов рекорд!

Барселона успеа барем делумно да ги залечи раните од елиминацијата во Лигата на шампионите, победувајќи ја Валенсија во дербито на колото во Ла Лига со 2-1. Каталонскиот гигант сега има 82 бода, дури 14 повеќе од Атлетико Мадрид, а постави и нов рекорд, од 39 меча без пораз во шпанското првенство. Урнат е рекорд стар 38 години, кој беше во сопственост на Реал Сосиедад.

Луис Суарез во 15.минута по асистенција на Кутињо го отвори резултатот, а Умтити на стартот од вториот дел зголеми на 2-0. Пред самиот крај, Дани Парехо во 86.минута од пенал ја врати неизвесноста, но Барселона сепак стигна до трите бода и до нов рекорд во Шпанија.

Се вчитува...