Барса ја гради иднината со Чави Пасквал

Барселона ќе направи сериозен ремонт во играчкиот кадар претстојното лето, но тоа нема да значи и промена во стручниот штаб. Шпанските медиуми во последните денови шпекулираат со неколку имиња (во преден план е Ибон Наваро) за нов тренер на Барса, па управата на каталонците беше принудена преку клупско соопштение да стави крај на овие гласини, давајќи му поддршка на Пасквал кој дојде на половина од оваа сезона.

„По последните информации во јавноста, сакаме да разјасниме дека Чави Пасквал е тренерот што ќе го води новиот проект на Барселона. Овој проект е веќе започнат и како што кажа генералниот менаџер Хуан Карлос Наваро неодамна – не ја гледам иднината без Чави Пасквал во клубот“. Како клуб категорично ги демантираме гласините дека разговараме со било кој тренер за ангажман во текот на летово“, се вели во соопштението на Барса.

Каталонскиот гигант веќе ги има договорено трансферите на центрите Џош Нибо од Олимпија Милано и Рајт од Жалгирис, а како суперзасилување се најавува ангажманот на Мајк Џејмс од Монако.

Се вчитува...