Барса ја испрати првата понуда за Нејмар, ПСЖ веднаш ја одби

Барселона тргна во офанзива по Нејмар, откако во текот на вчерашниот ден била испратена и првата официјална понуда за бразилскиот генијалец. Каталонците понудиле 40 милиони евра, плус Кутињо и Дембеле, проценувајќи ги двајцата фудбалери на по 100 милиони евра, за вкупна сума од 240 милиони, повисока од онаа што ПСЖ ја плати за да го доведе Нејмар на „Паркот на принцовите“ пред две години.

Одговорот на францускиот првак пристигна експресно, и тоа негативен, со што „светците“ цврсто останаа на својот став – ќе треба да добијат најмалку 100 милиони евра во пари, плус фудбалери, доколку се сака да се даде зелено светло за трансферот на Нејмар. ПСЖ не ги проценува ниту Кутињо, ниту пак Дембеле, на по 100 милиони евра, со оглед на променливите игри и на двајцата фудбалери во дресот на Барса во изминатите две сезони.

Нејмар е решен да си замине, преговорите дефинитивно ќе продолжат, но јасно е дека оваа сага нема да заврши наскоро, туку ќе трае уште подолг период, најверојатно до самиот крај на преодниот рок.

Се вчитува...