Барса крена раце: Рашфорд се враќа во Манчестер

Маркус Рашфорд нема да продолжи да ги брани боите на Барселона откако каталонскиот клуб одлучи да не ја активира клаузулата за откуп на неговиот договор со Манчестер јунајтед.

Клаузуата не беше премногу висока, изнесуваше 30 милиони евра, но каталонците сепак проценија дека е подобро да се насочат кон останатите опции на пазарот. Впрочем, тие веќе го ангажираа Гордон од Њукасл како ново лево крило, а приоритет во наредниот период ќе биде носење на нов врвен голгетер како наследник на Роберт Левандовски.

Ова е големо разочарување за Англичанецот кој беше подготвен да прифати и помала плата само за да остане на „Камп Ноу“. Барселона најавува дека можеби ќе испрати понуда за нова позајмица, но тоа тешко дека ќе вроди со плод во ситуација кога Манчестер јунајтед ќе инсистира на перманентен трансфер летово.

Јунајтед летово се ослободи од пребогатиот договор на Џејдон Санчо кој како сллободен играч си замина од „Олд Трафорд“, па сега ќе инсистира на продажба на Рашфорд, за да ослободи дополнителен простор во буџетот за плати за да доведе најмалку две врвни засилувања во овој преоден рок.

Се вчитува...