Барса криела дека има заразени играчи од Ковид-19

Се е подготвено за продолжението на фудбалската сезона во Шпанија, која ќе биде „рестартувана“ на 12 јуни со градското дерби меѓу Бетис и Севилја.

Изненадувачки мал беше бројот на заразени фудбалери во Ла Лига за време на паузата, а според дел од медиумите тоа се должи и на фактот дека самите клубови криеле дека имале играчи позитивни на Ковид-19. Според РАЦ 1, во оваа група влегува и шампионот Барселона, кој решил да не обелодени во јавноста дека има позитивни случаи во својот фудбалски колектив. Дури петмина фудбалери и двајца административци на Барса заболеле од коронавирус во изминатите три месеци, но немале посериозни симптоми и успешно ја победиле болеста.

Каталонскиот гигант е лидер на табелата во Ла Лига, со два бода предност во однос на второпласираниот Реал Мадрид.

Се вчитува...