Барса лесно излезе на крај со Леванте, „жолтица“ го спречи Барди да игра на „Камп Ноу“

Барселона ја оствари 15.победа во Ла Лига оваа сезона, совладувајќи го Леванте на „Камп Ноу“ со 3-0. Лионел Меси го одигра 400.меч во шпанското првенство и го постигна својот 365.погодок за водство од 1-0 во 12.минута, а Луис Суарез зголеми на 2-0 во 38.минута, по проигрувањето од Серхи Роберто. На самиот истек од дуелот, во судиското продолжение, Паулињо го постави конечниот резултат на овој меч.

Македонскиот репрезентативец Енис Барди не беше во составот на Леванте на „Камп Ноу“ поради жолти картони.

По овој триумф, Барселона има девет бода предност на врвот на табелата во Ла Лига во однос на второпласираниот Атлетико Мадрид.

Се вчитува...