Барса му порача на Раиола дека не се откажува од Халанд

Барселона и натаму се надева дека ќе успее да договори трансфер на напаѓачот Ерлинг Халанд. „Каталонците“ се чинеше дека се надвор од трката, но како што тврдат шпанските медиуми, наводно од тимот на Чави и натаму се надеваат дека ќе го потпишат норвешкиот интернационалец.

Барселона наводно му соопштила на агентот на Халанд, познатиот Мино Раиола дека не се откажуваат, и дека сакаат да го ангажираат. Главниот проблем е висината на провизијата која ја бараат неговиот менаџер и таткото на Халанд.

Засега добри сигнали доаѓаат од Манчестер, каде што Сити е фаворит во трката за Норвежанецот, додека се интересира и Јунајтед. Од Барселона, пак, се надеваат дека добриот однос со Раиола може да придонесе да се сменат работите, и високиот Норвежанец да се пресели во Барса.

Се вчитува...