Барса на удар: Зошто Андонова и фудбалерките не добија ист третман како фудбалерите?

Фудбалскиот клуб Барселона во комплетен состав, и машкиот и женскиот тим, замина на турнеја во Соединетите Американски Држави. Но, сепак, се увиде голема разлика во третманот меѓу фудбалерите и фудбалерките, па овој проблем претставен како полова дискриминација и борба за родова еднаквост се најде на насловните страници на медиумите.

Иако дел од најголемите ѕвезди на Барселона, како Лионел Меси, Луис Суарез, не заминаа на турнејата со оглед дека имаат продолжен одмор поради настапот на Светското првенство, на долгиот авионски лет младите фудбалери беа сместени во бизнис – класата, додека фудбалерите останаа во економската класа. Во женскиот тим на Барселона се наоѓа и најдобрата македонска фудбалерка, Наташа Андонова.

Се вчитува...