Барса најде ’лек’ за Интер и без Меси, ПСЖ спаси пораз од Наполи

Барселона и без Лионел Меси е доволно силна за да го порази Интер на „Камп Ноу“. Тимот на Ернесто Валверде славеше со 2-0 и се зацврсти на првата позиција на табелата со максимални 9 бода по три кола во групата Б.

Рафиња го постигна првиот погодок за каталонскиот тим во 32.минута, а Жодри Алба стави точка на триумфот во 83.минута од мечот.

Пари Сен Жермен едвај успеа да спаси пораз против својот поранешен тренер Карло Анчелоти. Наполи дојде во Париз и одигра одлично, а на крајот „светците“, се спасуваа за 2-2. Лоренцо Инсиње ги доведе „наполитанците“ во водство, ПСЖ израмни со автоголот на Марио Руи. Дрис Мертенс во 77.минута уште еднаш ја тресеше мрежата на ПСЖ, но Анхел Ди Марија во судиското продолжение го израмни резултатот.

Ливерпул рутински одигра против Црвена Звезда и оствари убедлив триумф од 4-0. Фирмино ја отвори серијата, два гола постигна Мохамед Салах, а четвртиот гол беше дело на Садио Мане, кој не реализира и пенал.

Борусија Дортмунд со 4-0 го декласира Атлетико Мадрид. Аксел Витсел, Рафаел Гереиро двапати и Џејдон Санчо беа стрелци на головите за „милионерите“. Порто со 1-3 го совлада Локомотив во Москва.

Лига шампиони, резултати

Група А: Борусија Дортмунд – Атлетико Мадрид 4-0, Клуб Бриж – Монако 1-1

Група Б: Барселона – Интер 2-0, ПСВ Ајндховен – Тотенхем 2-2

Група Ц: Ливерпул – Црвена Звезда 4-0, ПСЖ – Наполи 2-2

Група Д: Галатасарај – Шалке 0-0, Локомотив Москва – Порто 1-3

Се вчитува...