„Случајот Негреира“ преминува во следната фаза, а тоа е судењето. Истрагата што шпанското обвинителство со месеци ја водеше во врска со сомневањата дека Барселона 17 години го поткупувала поранешниот потпретседател на Судската комисија на Примера, Хозе Марија Енрикез Негреира заврши со обвинителен акт за поткуп и корупција.
Покрај Негреира и неговиот син, шефот на Првиот истражен суд во Барселона, судијата Хоакин Агире, покрена обвиненија и против двајца поранешни претседатели на Барселона, во чие време оваа „соработка“ со еден од највлијателните луѓе во шпанскиот фудбал се основани – имено Сандро Росељ и Хосеп Марија Бертомеу.
Истрагата утврдила дека Негреира стекнал богатство од 7,5 милиони евра правејќи разни отстапки на Барселона за време на делегирањето судии, лобирање кај самите арбитри, олеснување на суспензиите и други казни, нудење контакти и договарање разни тајни состаноци во корист на еден од најголемите европски клубови, пишува шпанскиот „Ел Дебат“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА