Барса ослабена во Киев – Меси остана дома

Барселона ќе биде сериозно ослабена за претстојното гостување против Динамо Киев откако тренерот Роналд Куман реши да ги остави дома Лионел Меси и Франки де Јонг. Аргентинскиот генијалец игра крајно променливо сезонава, но Куман тврди дека се решил на ваков чекор за да го одмори Меси, од страв да не дојде до евентуална повреда кај капитенот на каталонскиот гигант.

„Имаме бројни играчи кои се повредија во изминатиот период, затоа решивме Меси и Де Јонг да не играат со Динамо Киев. Веќе имаме девет бода во Лигата на Шампионите, па можеме да си дозволиме да им дадеме заслужен одмор на овие двајца фудбалери, кои сезонава одиграа бројни натпревари“, изјави Куман пред поаѓањето за Украина.

Барса пред репрезентативната пауза остана без помошта на Ансу Фати, кој ќе паузира четири месеци, а на саботното дерби со Атлетико Мадрид тешки повреди заработија Жерар Пике и Серхио Роберто.

Се вчитува...