Барса остана без клучен играч на девет дена пред Ф4 во Келн

Барселона рутински триумфираше на гостувањето против Бидасоа Исун во шпанското првенство со 27-37, но натпреварот донесе огромни главоболки за тренерот Чави Пасквал поради повредата што ја заработи Арон Палмарсон. Исланѓанецот поради болка во коленото мораше да го напушти теренот и повеќе не се врати во игра, а проблемот доаѓа на само девет дена до стартот на фајналфор турнирот од Лигата на Шампионите во Келн.

„Задоволен сум од победата, но никако не можам да бидам среќен поради она што му се случи на Палмарсон. Да видиме што ќе кажат лекарите, но дефинитивно не изгледаше добро“, изјави Пасквал по мечот.

Првичните информации говорат дека станува збор за проблем со лигаментите на коленото, што е невозможно да биде решен за десетина дена, па Палмарсон речиси сигурно ќе го пропушти Ф4 турнирот во Келн, каде Барса во полуфиналето ќе се сретне со ПСЖ.

Доколку повредата е од посериозен карактер, овој ракометар нема да може да настапи ниту на претстојниот ракометен Мундијал во Египет, што сигурно ќе биде огромен удар за репрезентацијата на Исланд.

Се вчитува...