Барса остана и без Луис Суарез

Секој нов ден носи и нов проблем за Ернесто Валверде, па тренерот на Барселона денеска остана без уште еден стандарден првотимец. Станува збор за Луис Суарез, кој поради повреда заработена на дуелот со Атлетико Мадрид ќе мора да отсуствува од терените.

Уругваецот не се најде на списокот на патници за гостувањето во Ајндховен против ПСВ, а првичните информации на каталонските медиуми велат дека Суарез ќе паузира најмалку две седмици од терените. Ова значи дека предводникот на нападот на Барса ќе пропушти две незгодни средби за својот тим, дуелот на домашен терен со Вилјареал, а потоа и градското дерби со Еспањол. Мечот со ПСВ Ајндховен ќе го пропуштат и резервниот голман Силесен, како и Бразилецот Артур, кои исто така се пожалија на повреди во текот на викендот.

Претходно, од комбинација за настап по повредите заработени на дербито со Атлетико отпаднаа и Рафиња и Серхио Роберто.

Добра вест за Валверде е враќањето на Иван Ракитиќ, кој се повреди при настап за хрватската репрезентација.

Се вчитува...