Барса пак го прати Рафиња на позајмица

Рафиња дефинитивно не е дел од плановите на Ернесто Валверде, па Барселона повторно го пушти на позајмица овој фудбалер кој вториот дел од ланската сезона го мина во дресот на Интер. „Нероaѕурите“ решија да не го откупат Бразилецот летово, Барса не успеа да најде купец што целосно ќе го откупи неговиот договор, па на крајот Рафиња беше испратен на позајмица во Бетис.

Клубот од Севилја се согласи да ја покрие целата плата што му следи на Рафиња според договорот со каталонскиот гигант, а клаузулата за откуп на крајот од сезоната изнесува 25 милиони евра.

Барселона во следните денови би требало да го испрати на позајмица и напаѓачот Пако Алкасер, кој се наоѓа најблизу до Борусија Дортмунд.

Се вчитува...