Барса по 16 години без „свое дете“ во стартниот тим

Барселона со години наназад импресионира не само со стилот на игра, туку и со извонредната работа на младинската школа која извади суперталенти како Меси, Иниеста, Чави, Бускетс, Пике…

Се помалку се играчите од оваа школа кои добиваат шанса во првиот тим, па така на вечерашниот натпревар на Барса во Виго против Селта немаше ниту еден член од младинските категории. Тренерот Валверде се реши за Тер Штеген, Семедо, Мина, Вермален, Диње, Гомеш, Паулињо, Денис Суарез, Кутињо, Алкасер и Дембеле.

Со тоа, стратегот на Барса ја прекина серијата од неверојатни 16 години, официјални натпревари на кои каталонците секогаш имале барем еден играч од својата школа во стартните единаесетмина.

Последен пат тоа се случило на „Сан Мамеш“ против Атлетик Билбао на 6 април 2002 година, кога тогашниот тренер Карлес Рексач се реши за следниот стартен тим: Бонано, Рајзигер, Кристанвал, Абелардо, Коконут, Коку, Рочембак, Енрике, Ривалдо, Овермарс и Савиола.

Се вчитува...