Барса победи, но остана без двајца првотимци

Барселона славеше со 2-1 над Хетафе, за втора домашна победа на каталонскиот гигант во новата сезона. Тренерот Куман може да биде задоволен од освоените бодови, но холандскиот стратег се соочува со нови проблеми по повредите што ги заработија Бреитвајт и Серхио Роберто, кои мораа да бидат заменети во второто полувреме.

Токму Роберто беше стрелец на првиот гол на мечот, откако по нецели две минути игра одлично втрча во шеснаесетникот по додавањето на Алба и ја затресе мрежата на гостите.

Рамирез во 19. минута израмни на 1-1, од работ на шеснаесетникот совладувајќи го повратникот Тер Штеген, но Барцелона стигна до трите бода благодарение на Депај, кој биеше прецизно за 2-1 и конечен триумф на каталонскиот гигант.

Останува да се види колку се сериозни повредите на Бреитвајт и на Робберто и дали тие ќе му бидат на располагање на Куман по репрезентативната пауза.

Се вчитува...