Барса почна да продава дресови на Левандовски, првите десет ги купи неговиот агент (ВИДЕО)

Роберт Левандовски веројатно го одигра својот последен натпревар во дресот на Баерн Минхен. Полјакот најави дека ќе ја напушти „Алијанц арена“, а како најголем фаворит за негов потпис се споменува Барселона.

Во пол-позиција каталонскиот великан за потписот на Левандовски го става и тоа што неговиот агент денеска го посетил официјалниот фан-шоп на клубот и купил десет дресови со презимето на одличниот голгетер.

Веќе излезе и видео кое го објави каталонскиот новинар Жерар Ромеро, на кое за волја на вистината не се гледа убаво кое име се печати на дресот, но Ромеро го изгради своето име со точни информации поврзани со каталонскиот клуб.

 

Се вчитува...