Барса понуди, Интер прифати – Лаутаро доаѓа на „Камп Ноу“

Лаутаро Мартинез се наоѓа чекор поблиску до преселба во Барселона откако каталонскиот гигант ги договорил условите за неговиот трансфер од Интер. Ова го тврди каталонскиот весник „Спорт“, според кој италијанскиот клуб начелно ја прифатил последната понуда на Барса за да го доведе аргентинскиот голгетер на „Камп Ноу“.

А таа последна понуда изнесува 60 милиони евра, плус двајца фудбалери од Ракитиќ, Видал, Умтити и Семедо. Лаутаро во договорот со Интер има клаузула од 111 милиони евра, но челниците на Барса од самиот старт на преговорите јасно ставија до знаење дека планираат да потрошат многу помалку пари, вклучувајќи свои играчи во понудата. Ова е прифатливо и за „нероаѕурите“, кои можат да бираат меѓу квалитетни и проверени играчи, при што би добиле двајца искусни фудбалери за вкупна вредност од 50 милиони евра.

За очекување е челниците на Интер во наредниот период да ги интензивираат разговорите со самите фудбалери, а откако ќе биде постигнат договор со оние што Конте сака да ги види во тимот, ќе биде официјализиран и трансферот на Лаутаро Мартинез во Барселона.

Се вчитува...