Барса потпишува со бразилски „бомбардер“

Барселона дополнително ги засили своите редови откако ги договори условите за тригодишна соработка со бразилскиот ракометар Ханиел Лангаро. Станува збор за 25-годишен лев бек висок 197 сантиметри, кој пристигнува во Барса од редовите на францускиот прволигаш Данкерк.

Бразилецот и минатото лето беше на листата со желби на каталонскиот гигант, но Барса тогаш беше добро покриена на бековската позиција, па реши да го одложи трансферот. Сепак, Ласе Андерсен летово се сели во Фуксе Берлин, а тренерот Пасквал веднаш го избра Лангаро како наследник на Данецот во дресот на каталонскиот гигант.

Деталите од тригодишниот договор се веќе средени, но поради кризата со коронавирусот официјалната потврда на трансферот доцни веќе десетина дена. Лангаро е второто засилување за Барселона за наредната сезона, откако каталонците веќе го договорија Блаж Јанц од Киелце.

Се вчитува...