Барса потврди: Блаж Јанц доаѓа од јули 2020

Барселона денеска и официјално го потврди мегатрансферот за наредното лето, откако потпиша договор со Блаж Јанц што ќе стане валиден од јули 2020 година.

Словенечкиот репрезентативец пристигнува во Барса од редовите на Киелце, каде настапуваше во последните три сезони за тимот на Талант Душебајев. За услугите на Јанц се интересираше и Кил, но каталоскиот гигант успеа да излезе како победник од оваа трка и потпиша договор на четири сезони со 23-годишниот Словенец.

Блаж Јанц е второто мегазасилување што Барселона го носи од Киелце, откако минатото лето каталонскиот гигант го ангажираше и поранешниот ракометар на Металург и на Вардар, Лука Циндриќ.

Се вчитува...