Барса потврди – Ракитиќ е нов член на Севилја

Иван Ракитиќ е нов фудбалер на Севилја, потврдија од Барселона. Андалузијците на Каталонците ќе им платат 1.5 милиони евра за услугите на хрватскиот репрезентативец, а останатите девет ќе бидат во бонуси.

Ракитиќ токму од Севилја премина на „Камп ноу“ во 2014 година, a oттогаш за Каталонците запиша 200 настапи на кои постигна 25 гола. По четири пати ги освојуваше Ла лига и Копа дел Реј, а во 2015 година се радуваше и на трофејот во Лигата на шампионите.

Во својата прва авантура во Севилја Ракитиќ помина три години во кои забележа 117 настапи на кои 27 пати се запиша во листата на стрелците.

Се вчитува...