Барселона преку Хетафе до +10 во однос на Реал

Барселона го совлада на гости Хетафе со 1-2 и ја зголеми предноста на врвот на табелата во однос на конкурентите. Каталонскиот состав сега има пет бода повеќе од Атлетико Мадрид, седум бода позитива во однос на Севилја и дури десет повеќе од големиот ривал Реал Мадрид.

Фудбалерите на Барселона не одиграа најдобар меч, но, сепак, беа доволно квалитетни за да ги освојат трите бода против Хетафе. Лионел Меси го отвори резултатот, а фантастичен гол во 39.минута постигна Луис Суарез.

Мата пред полувремето намали на 1-2, но Хетафе немаше сили за израмнување, иако во вториот дел создаде неколку одлични шанси.

Се вчитува...