Монако го откупи договорот на Ансу Фати со Барселона, по што „кнезовите“ успеаја да договорат уште еден интересен трансфер од таборот на каталонскиот гигант.
Станува збор за Марк Касадо, талентираниот плејмејкер кој не доби шанса за преголема минутажа во Барселона, па сега е подготвен како и Ансу Фати среќата да си ја проба во дресот на Монако.
„Кнезовите“ веќе ги договориле личните услови со самиот фудбалер кој ќе добие три пати повисока плата од онаа во Барселона, а во завршна фаза се и преговорите меѓу клубовите. Францускиот прволигаш понудил 18 милиони загарантирана отштета плус пет милиони преку неколку клаузули.
Барселона покрај тоа бара и 20% од следниот трансфер, Монако преговара околу висината на процентот, но се очекува и овој детал да биде среден, по што Касадо ќе добие зелено светло да отпатува на лекарски прегледи и потпис со новиот клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
