Барса продава четири играчи за да го купи Погба

Пол Погба е максимално фокусиран на настапите за Франција на овој светски шампионат, но по завршувањето на мундијалот тој повторно ќе стане актуелен со шпекулациите за трансфер, со оглед на нарушените односи со Жозе Мурињо во Манчестер јунајтед. Некогаш најскапиот светски фудбалер Клучните средби на Јунајтед ги мина на клупата за резерви, Мурињо очигледно е незадоволен од недоволниот ангажман на Погба во одбраната, па и клубот и фудбалерот се подготвени за трансфер доколку пристигне интересна понуда.

А ако се прашува Французинот – тогаш негова следна дестинација ќе биде Барселона. Погба сака да заигра крај Меси, верува дека стилот на игра на каталонскиот гигант одлично му одговара и ќе ја добие неопходната слобода кога зад себе ќе го има Бускетс. И челниците на Барса се заинтересирани за ваков мегатрансфер, со кој Кутињо би бил преселен во офанзивната линија за во средниот ред да се ослободи место за Погба.

Проблем барем засега се парите, Јунајтед сигурно ќе бара најмалку 100 милиони евра, а каталонците планираат истите да ги соберат од продажба на фудбалери. Паулињо се наоѓа пред враќање назад во Кина во трансфер вреден 50 милиони евра, Барса очекува да заработи околу 30 милиони од Андре Гомеш, а најавено е и заминувањето на Алеиш Видал и на Денис Суарез. Со овие продажби ќе се ослободи и доволно место во буџетот за плати за Погба да пристигне на „Камп ноу“, како главно засилување на каталонскиот гигант во овој преоден рок.

Се вчитува...