Барса прва до новото француско чудо, Жан – Клер Тодибо

Шпанскиот првак Барселона е на чекор до потпишување на договор со младиот француски дефанзивец, Жан – Клер Тодибо. Одбранбениот фудбалер на Тулуз е еден од најбараните фудбалери во Европа во овој момент, со оглед дека на лето му истекува договорот со клубот и тој ќе може да направи трансфер како слободен агент. Барселона, според шпанските медиуми, веќе го договорила трансферот на Тодибо на „Камп Ноу“.

Голема улога во доаѓањето на дефанзивецот одиграл Ерик Абидал, кој го убедил Тодибо дека токму Барселона е вистинскиот клуб за него, каде ќе може да изгради завидна меѓународна кариера. Во Франција, тој веќе го доби прекарот  „новиот Варан“, кој исто така многу млад се пресели во Шпанија, но потпиша за Реал Мадрид.

Се вчитува...