Барса рутински ја прескокна Џирона

Барселона го продолжи победничкиот чекор во Ла Лига, совладувајќи ја Џирона на гости со 0-2. Тимот на Ернесто Валверде не одигра идеален меч, но, сепак, рутински ги освои бодовите.

Нелсон Семедо во деветтата минута донесе водство за Барселона, а задачата за гостите ја олесни Еспиноза кој заработи црвен картон во 51.минута. По ова, Лионел Меси постигна втор гол за Барселона во 68.минута и го одлучи победникот.

Се вчитува...