Барса рутински со Селта: Се решено за едно полувреме… (ВИДЕО)

Повеќе од рутинска победа на Барселона против Селта Виго од 2-0 во 17. коло на шпанската Ла Лига, за одржување на предноста пред конкурентите на врвот од табелата.

Каталонците победата си ја осигураа уште во првото полувреме. Најпрво Дембеле погоди во 10. минута за 1-0…

А, потоа и Лионел Меси стрелаше во 45. минута за конечни 2-0.

Барселона со 37 бода е осамена на врвот, со три бода предност во однос на второпласираниот Атлетико Мадрид и шест бода пред Севилја.

Standings provided by Sofascore LiveScore

Се вчитува...