Алесандро Бастони повторно е максимално актуелен во шпанската фудбалска јавност, но не за Барселона, туку за преселба во редовите на Реал Мадрид.
Италијанскиот репрезентативец е меѓу најпосакуваните дефанзивци на пазарот за овој преоден рок, Флик го посакуваше како идеално засилуввање за Барса, но управата на каталонците реши поголем дел од буџетот да насочи кон ангажман на наследникот на Роберт Левандовски, по што преговорите со Интер целосно се стопираа.
Во меѓувреме, Жозе Мурињо дојде во Реал Мадрид и не крие дека планира ремонтот да го почне токму од одбраната. Алаба, Карвахал и Ридигер како слободни играчи летово ќе си заминат од „Сантијаго Бернабеу“, Милитао премногу често се мачи со повреди, па јасно е зошто „специјалниот“ инсистира на Бастони и е подготвен да ја плати отштетата од 70 милиони евра што Интер ја бара за својата „ѕвезда“.
Мурињо настојува да има што повеќе фудбалери од стартот на подготовките, а фактот дека Бастони нема да игра на СП го прави идеален за работа со португалскиот стратег. Останува да се види дали преговорите ќе се интензивираат во наредниот период, бидејќи е јасно дека „кралевите“ ќе мора што поскоро да се активираат на пазарот бидејќи летово ги очекува сериозен играчки ремонт.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
