Барса се подготвува за иднината – Рашфорд ќе го наследи Суарез

Каталонскиот гигант го таргетира младиот Маркус Рашфорд од Манчестер јунајтед, како фудбалер кој ќе го наследи Луиз Суарез во нападот. Според неколку шпански медиуми, Барса е подготвена да издвои 200 милиони евра за талентираниот голгетер, и покрај тоа што Рашфорд има само 19 години.

Откако остана без Нејмар, Барселона има нов план со кој догодина повторно ќе биде страв и трепет за противниците. Осман Дембеле е веќе играч на „каталонците“, па раководството сака да креира напаѓачки двоец кој во годините што следат ќе ја предводи „идната“ Барселона.

Младиот напаѓач на „црвените ѓаволи“ заработи место во првиот тим откако доби шанса кај Ван Гал. Одредена минутажа имаше и минатата сезона под водство на Мурињо, додека португалскиот стратег го наградува и со место во стартните единаесет пред Ентони Марсијал на почетокот од оваа сезона.

Јасно е дека овој трансфер нема да се реализира летово, но каталонците планираат по завршувањето на сезоната да тргнат во офанзива по младиот голгетер на јунајтед и на англиската репрезентација.

Се вчитува...