Барса се премисли: Мечот со Лас Палмас ќе се игра, но без публика

Нов пресврт се случи во ситуацијата околу дуелот Барселона – Лас Палмас, па каталонскиот гигант триесетина минути по откажувањето на средбата објави дека истата ќе се одигра, но нема да бидат присутни фанови на „Камп ноу“.

Причината е што Барселона самата решила да го откаже настапот против Лас Палмас, по што стигнале и заканите од Шпанската Фудбалска Федерација. Бидејќи одлуката не е на федерацијата, туку на самиот клуб, ќе следеше губење на натпреварот со службени 0-3, парична казна и суспензии за водечките луѓе на каталонскиот клуб.

Токму затоа, раководството на Барса во последен момент, на само 25 минути пред почетокот на средбата, објави дека таа ќе се игра во предвидениот термин (16.15 часот), но без присуство на публика.

Се вчитува...