Барса сериозно ослабена за полуфиналето со Нант

Барселона ќе биде сериозно ослабена за денешното полуфинале на фајналфор турнирот против Нант откако Арон Палмарсон во последен момент отпадна од комбинација за настап за каталонскиот гигант.

Исландскиот ас се мачеше со повреда во изминатите месеци, но откако се најде на списокот на патници за Келн се чинеше дека Палмарсон ќе може да му помогне на каталонскиот состав во битките за европската титула. Сепак, тој не успеа да го одработи вчерашниот тренинг во „Ланксес Арена“, поради што воопшто не се најде на списокот на играчи за полуфиналето со Нант. Покрај Палмарсон, во тимот на Барселона ќе го нема ниту Ханиел Лангаро.

Кире Лазаров ќе го предводи Нант против својот поранешен клуб, а тренерот Ентрериос реши за денешното полуфинале во составот да не ги вклучи Оливие Ниокас и Бенжамин Батеј.

Се вчитува...