Барса со бод си оди од „Месталја“

Барселона и четврти натпревар во низа не успеа да победи во Ла Лига, откако вечерва на „Месталја“ одигра 1-1 против Валенсија. Домаќинот дојде во водство многу рано, уште во третата минута со голот на Езекиел Гарај, а Лионел Меси успеа да израмни во 23.минута.

Но, тоа беше се од Барса на овој меч. Тимот на Ернесто Валверде не го пронајде патот до победата на ова дерби и го загуби првото место на табелата. Сега Севилја е водечки тим во Ла Лига со 16 бода, пред Барселона и Атлетико Мадрид со по 15, а Реал Мадрид има 14.

Се вчитува...