Барса со емотивно видео: Фала ти, Лео…

Фановите на Барселона се уште се во шок по вечерашната објава на каталонскиот гигант дека Лионел Меси нема да потпише нов договор со клубот.

Најдобриот играч на сите времиња на Барселона повеќе нема да го носи дресот на каталонците, претседателот Лапорта за утре закажа прес-конференција, а во меѓувреме Барса на своите профили на социјалните мрежи објави видео-компилација од бројните мајстории на Меси во дресот на овој клуб.

Уживајте во овие седум минути фудбалски лудории на Лео Меси…

Се вчитува...