Барса со важен потпис: Нгесан останува до 2029

Барселона неколку дена по освоениот трофеј во Лигата на Шампионите успеа повторно да ги израдува фановите, овојпат со потпис на важен првотимец.

Тимотеј Нгесан ќе продолжи да ги брани боите на каталонскиот гигант до јуни 2029 година откако беше постигнат договор за продолжување на соработката. Левиот бек имаше договор со Барселона и за наредната сезона, но каталонците инсистираа на уште подолга соработка и задржување на францускиот ас како лидер на тимот, особено по заминувањето на неговиот сонародник Дика Мем.

„Сакам да ја завршам кариерата овде. Го минав речиси целиот живот во Барселона, пензионирање овде би било исполнување на сонот. Мојот сон продолжува со овој нов договор, се надевам дека ќе освоиме уште многу титули заедно“, изјави Нгесан, кој е член на Барселона од 2016 година, кога пристигна од екипата на Шамбери.

Се вчитува...