Барса спреми две „ракометни бомби“

Барселона продолжува да инвестира во млади ракометни асови, па по неколкуте квалитетни засилување за новата сезона сега каталонскиот гигант ги насочи кон нови имиња за сезоната 2021/22. Според шпанските медиуми, веќе се договорени две „бомби“ кои ќе бидат официјализирани во наредните месеци, а од јули 2021 година дресот на Барселона ќе го облечат Мелвин Ричардсон и Емил Нилсен.

Ричардсон веќе неколку сезони е меѓу лидерите на Монпелје, но десниот бек веќе најавил дека размислува за напуштање на овој клуб, со кој пред неколку сезони го крена и пехарот во ЛШ. Барса експресно реагирала и го договорила неговиот потпис за четиригодишен договор, со што францускиот репрезентативец ќе го наследи Доленец на позицијата десен бек во каталонскиот гигант.

Нилсен, кој му е соиграч на Кире Лазаров во Нант, важи за еден од најдобрите голмани во францускиот шампионат. Тој и летово беше поврзуван со преселба во Барселона, но каталонците решија да го задржат Данецот Кевин Мелер како резерва на Гонзало Перез де Варгас. Сепак, Мелер на крајот од сезонава како слободен играч ќе си замине од Барса, а начелно е постигнат договор токму Нилсен да биде негов наследник.

Се вчитува...