Барса тргнува по Антони Марсијал

Антони Марсијал е новата голема желба на Барселона, откако каталонскиот гигант изразил подготвеност за ангажман на уште еден крилен офанзивец во претстојниот преоден рок.

Дембеле е повреден и неизвесно е кога повторно ќе му биде на располагање на тренерот Валверде, Деулофеу не ги оправдува очекувањата, а на каталонците им е јасно дека и покрај добриот старт на сезоната сепак ќе им биде неопходно освежување за да можат да го издржат пеколниот распоред до крајот на сезоната.

Марсијал важи за офанзивец со огромен потенцијал, а фактот дека не е стандарден кај Жозе Мурињо во Манчестер јунајтед го прави достапен за трансфер. Французинот најчесто влегува како резерва за Рашфорд и досега има одиграно само 139 минути сезонава во Премиер-лигата. Јунајтед во 2015 година му плати на Монако 58 милиони фунти за да го доведе Марсијал на „Олд трафорд“, па се очекува понуда од околу 70 милиони евра да биде доволна за овој фудбалер да добие зелено светло за заминување од Манчестер.

Се вчитува...