Барса убедлива против Вилјареал

Барселона стигна до 27.победа во Ла Лига оваа сезона, совладувајќи го Вилјареал на „Камп Ноу“ со 5-1. Избраниците на Ернесто Валверде беа подобар ривал и заслужено стигнаа до нови три бода, заокружувајќи 90 по 36 натпревари.

Кутињо и Паулињо брзо донесоа водство од 2-0, а Лионел Меси погоди пред крајот на првиот дел за три гола позитива на одморот. Сансоне го постигна почесниот гол за „жолтата подморница“, а Осман Дембеле во завршницата двапати се запиша меѓу стрелците за конечни 5-1.

Се вчитува...