Барса уште пред пет години го „обезбедила“ Саул Нигез

Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде изрази желба на „Камп Ноу“ да го види и шпанскиот репрезентативец, Саул Нигез. Интересно во целата ситуација е што Барселона го обезбедила извонредниот фудбалер за врска уште пред пет години.

Ако Атлетико Мадрид реши да го продаде Саул, Барселона ќе има предност пред сите други. Каталонците уште во 2013 година направиле паметен договор со Атлетико Мадрид кога им го продадоа напаѓачот Давид Виља. Договорот што го однесе Виља во Мадрид, на Барселона и обезбедува ексклузивни права за евентуалниот трансфер на Саул, според клаузулата по која каталонците први имаат право на трансфер на Саул Нигез и на Хавиер Манкиља.

Но, од Атлетико засега нема најави дека ќе се откажат од Саул. Неговиот договор со мадридскиот тим го врзува до летото 2026 година, а клаузулата од договорот е 150 милиони евра.

Се вчитува...