Барса за два месеци го купи, па го продаде – заработка од 15 милиони евра

Ретко се случува клуб да купи фудбалер како засилување, па потоа во истиот преоден рок истиот играч и да го продаде (не да го испрати на позајмица) како што е тоа ситуацијата со Емерсон Ројал и Барселона. Тотенхем е новиот клуб на десниот бек кој мина само неколку месеци како член на Барса, а каталонскиот гигант овој трансфер заработи чисти 15 милиони евра.

Имено, Барселона му плати на Бетис девет милиони евра за да го доведе Ројал во своите редови, но во тој договор имаше и клаузула со која тимот од Севилја ќе заработи и 20% од наредниот трансфер. Кога Тотенхем понуди 30 милиони за фудбалерот кој не беше ни планиран за стандарден првотимец кај Роналд Куман, каталонците веднаш прифатија. Од оваа сума, шест милиони ќе завршат на сметката на Бетис, но Барселона во секој случај одлично ќе заработи.

Каталонците во последниот ден од преодниот рок испратиле и богата понуда од 75 милиони евра за Дани Олмо, но Лајпциг експресно ја одби бидејќи нема доволно време за да ангажира соодвтна замена за шпанскиот ас.

Се вчитува...