Барса за малку од „готово-вересија“ против Реал Сосиедад (ВИДЕО)

Барселона на одличен начин ја отвори новата сезона во Ла лига, откако во првиот меч во ерата по Лионел Меси славеше над Реал Сосиедад со 4-2. Се почна одлично за Каталонците откако имаа предност од 3-0 со головите на Бретвајт на двапати и Пике.

Сепак, дојде пад во финишот по кој гостите со головите на Чинфуегос и Ојарзабал успеаја да намалат на 3-2, но сепак Серџи Роберто успеа до крајот да постигне гол и да ги разреши сите дилеми околу победникот.

Се вчитува...