Барса за првпат во историјата ќе го менува името на стадионот: Навивачите револтирани!

Барселона е еден од ретките европските гиганти кои никогаш во својата историја не го менувал името на стадионот. Но, каталонците очигледно добија понуда која тешко може да ја одбијат.

До неодамна Барса беше единствениот елитен клуб кој на предната страна од дресот немаше спонзор, но попуштија под можноста за милионска заработка. Истата ситуација сега е со името на „Камп Ноу“ кој наскоро ќе доживее мали измени.

Шпанските медиуми пренесуваат дека завршени се преговорите со фармацевтската компанија „Грифолс“ која треба да стане еден од главните спонзори на клубот. Преговорите уште малку се водат и околу името на стадионот, а ако се согласи шампионот на Шпанија околу условите кои Грифолс ги нуди тогаш стадионот на Барса официјално ќе се вика „Камп Ноу Грифолс“.

Дојде ли до договор, што би требало да се случи до крајот на оваа година, каталонскиот клуб годишно ќе заработува околу 20 милиони евра, а договорот за соработка ќе биде потпишан на 20 години. Во тој период Барселона би инкасирала 400 милиони евра.

Но, првите реакции на навивачите воопшто не се позитивни. Поголемиот дел од нив сето ова го толкуваа како „предавство на идеалите за пари“ и сметаат дека името на стадионот не треба да се менува.

Се вчитува...