Барса запиша нова победа, Пако Алкасер и Меси му пресудија на Атлетик Билбао

Барселона оствари уште една сигурна победа во Ла Лига, совладувајќи го Атлетик Билбао на „Камп Ноу“ со 2-0. Каталонскиот тим сега има 75 бода на врвот на табелата, односно 11 повеќе од второпласираниот Атлетико Мадрид.

Во отсуство на Луис Суарез, кој не настапи поради жолти картони, Пако Алкасер доби шанса и ја искористи веќе во осмата минута, за отворање на резултатот на овој меч. Во 30.минута, Лионел Меси со удар од 16 метри и вторпат ја затресе противничката мрежа, за нов рутински триумф на Барселона.

Се вчитува...