Барсегјан: Вардар има сериозни промени во тимот, но има квалитет да се надигрува со Шкендија

Пред утрешниот почеток на новата прволигашка сезона и дерби пресметката со Шкендија во 1. коло од ПМФЛ, офанзивецот на Вардар, Тигран Барсегјан верува дека неговиот тим може да дојде до поволен резултат без разлика на сериозните промени во играчкиот кадар и целокупната негативна атмосфера во која западна клубот ова лето….

„Одиме на победа како и на секој натпревар. Имаме поинаква екипа од лани, меѓутоа верувам дека и овие играчи можат да дадат максимум со Шкендија и да ги освоиме бодовите. Само со ангажирана игра можеме да се надеваме на добар резултат. Сепак, ја респектираме екипата на Шкендија која што се покажа добро во Европа. Меѓутоа имаме и ние квалитет, и во минатите сезони покажавме дека можеме да се надигруваме со Шкендија, особено на нејзин терен. Се надевам дека утре ќе дојдеме до посакуваната цел. Се надевам и посакувам успешно да го стартуваме новиот шампионат“ – вели Барсегјан пред утрешниот дуел со Шкендија во Тетово, кој почнува од 17 часот.

Се вчитува...