Барселона дава 60 милиони евра за Дајот Упамекано

Шпанскиот гигант Барселона се вклучи во трката за ангажман на младиот дефанзивец на Лајпциг, Дајот Упамекано. Раководството на каталонскиот тим итно бара нов напаѓач кој треба да го замени повредениот Луис Суарез, но истовремено води преговори и за ангажман на Упамекано. Тој треба да биде долгорочно решение на стоперската позиција по заминувањето на Жерар Пике.

Барселона е подготвена да плати 60 милиони евра за Дајот Упамекано, но во трката се уште и Баерн Минхен и Арсенал.

Се вчитува...