Барселона дава рекордно високи плати, Премиер-лигата е најбогата

Барселона постиви нов рекорд во висината на пари кои ги дава на фудбалерите. Шпанскиот состав стана првиот клуб чиј прв тим заработува повеќе од 10 милиони фунти годишно. Во оваа сезона 23 играчи на каталонскиот гигант ќе заработат 10.45 милиони фунти што е повеќе за 33 проценти во однос на сезоната 2017/18. На ова значително влијаеше новиот договор на Лео Меси. На вторoто место е Реал Мадрид чии играчи во просек заработуваат 8,1 милиони фунти годишно.

Премиер-лигата е најбогатата лига на светот пoради тоа што играчите на првите тимови просечно заработуваат по 2.99 милиони фунти за една година. Тоа е повеќе од 30 проценти повеќе од платите на играчите во Примера во која се заработува во просек по 2,2 милиони фунти. Играчите во Англија се двојно повеќе платени од фудбалерите во Серија А каде просекот годишно  е 1,5 милиони фунти.

Манчестер јунајтед има најплатени играчи во Премиер-лигата. Просечната плата за првотимците на „Олд Трафорд“ е 6,5 милиони фунти.

 

 

Се вчитува...