Барселона е „редовен пациент“ на Милер, дали серијата ќе продолжи и утре на „Камп Ноу“

Роберт Левандовски е предводник на нападот на Баерн Минхен, но кога баварскиот гигант игра против Барселона улогата на напаст за противничките дефанзивци и голмани врз себе ја презема Томас Милер. Германскиот офанзивец досега има одиграно пет натпревари против Барселона и постигна вкупно шест погодоци, со што е играч со најмногу голови против каталонскиот гигант во историјата на Лигата на Шампионите.

Серијата почна во полуфиналето во сезоната 2012/13, кога Милер постигна два гола на првиот меч на „Алијанц Арена“, а потоа еднаш беше прецизен и на реваншот на „Камп Ноу“. Милер беше стрелец за Баерн и на реваншот во сезоната 2014/15, кога германскиот првак беше елиминиран од Барса.

Германецот беше во главна улога и при убедливиот триумф од 2-8, на кој постигна два гола и една асистенција.

Останува да се види дали Роналд Куман и Барселона утревечер ќе најдат начин да го запрат Милер, во обид победнички да ја стартуваат новата сезона во Лигата на Шампионите.

Се вчитува...